Акцијата следи откако во депоата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје беа откриени 2.600 примероци од второто издание на Правописот, кои цели седум години не биле дистрибуирани и биле чувани во несоодветни услови, иако првично биле наменети за сите јавни установи и институции, како и за лекторатите и библиотеките во земјава и странство, се наведува во соопштението од Кабинетот на Ѓорѓиевски.
По остварената средба меѓу претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски со директорот на НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, Јовица Никчевски, како што се наведува во соопштението, се става крај на евидентираната институционалната негрижа и се обезбедува сите училишта во државата да поседуваат Правопис, ставен во функција на образовниот процес и грижата за македонскиот јазик. Plusinfo
Сите основни училишта во Македонија ќе добијат примероци од македонскиот Правопис, откако примероци биле најдени во депото на НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје. Nezavisen