Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
21
36.61
30.65
3.35/1.98
21.00
9.63
0.46
1615.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 21
23 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 683.5
Best clustering variants
23 0.99/0.01 3 683.5
Novamakedonija

За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА- единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Северна Македонија – рече Бока кој ја искористи приликата да изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани и подготвеноста на Будимпешта и понатаму да даде каква било помош.

Тој потсети дека двете влади веќе одржаа заеднички меѓувладини седници во Охрид и во Буримпешта, а нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји е, рече, и денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој меѓу другото треба да и помогне на земјата во во насока на усогласување со европското законодавство и ефективно користење на европските фондови. Novamakedonija

Biznisvesti

Унгарија, истакна тој, одамна ја има нашата благодарност за силната поддршка за нашиот евроинтегративен пат и подвлече дека особено ја цениме нејзината улога како претседавач со Советот на ЕУ имајќи предвид дека токму за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ минатата година прашањето за проширувањето на Унијата и интеграцијата на ЗБ беше ставено високо во приоритетите на претседавањето а со тоа и на европската агенда.

„Министре Бока вашата постојана гласна и принципиелна поддршка за интегрирањето на Северна Македонија и Западен Балкан во Унијата што побрзо е вистински пример за пријателство во пракса.“ „Круна на таа посветеност е денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој поставува цврста рамка за долгорочно и структурирано партнерство во областа на европските интеграции.“ „Со потпишувањето на овој Меморандум на нашата веќе блиска соработка и даваме институционална димензија и стабилна рамка.“ „Овој документ не претставува само формализирана административна алатка туку е израз на нашата заемна посветеност за продлабочувањето на партнерството преку размена на знаења, искуства и заеднички напори кон усвојување на европските стандарди.“ „Со овој чекор Северна Македонија и Унгарија уште еднаш покажуваат дека Европа не е само географија и бирократија туку заеднички вредности и дека политиката на проширување на ЕУ е една од најважните стратешки цели,“ рече Муртезани. Biznisvesti