Силно зајакнување на позицијата на жената во секој сегмент на општественото дејствување, како основа за просперитет и одржливост, е програмски фокус на оваа Влада.
Во рамки на реформите на образованието, со цел да одговори на барањата на пазарот на труд, посебно внимание посветуваме на зголемување на пристапот на девојчињата кон стручните знаења и вештини, затоа што, не само што по завршувањето на средното образование нудат сигурна работа, туку и го олеснуваат нивниот упис на СТЕМ, ИКТ и техничките студиски програми.