Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
29
23.52
28.68
6.75/1.92
29.00
10.57
0.36
2949.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 29
68 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 559.5
Best clustering variants
68 0.99/0.01 3 559.5
Fokus

Во изминатиот период, обвинителскиот тим кој е проширен на вкупно 13 јавни обвинители интензивно постапуваше и испитуваше повеќе линии на одговорност за пожарот во кој за жал животот го загубија 61 лице, меѓу кои шест деца, а беа повредени уште 197 лица од кои 25 деца.

Покрај оние за кои постојат сомненија за директна одговорност како сопственици, управители, организатори на забавата, обезбедување во клубот на критичната ноќ и корисници на пиротехничките средства, се истражува одговорноста и на сите институции и службени лица кои со своите незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабарето „Пулс“ во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Fokus

09:43 h 14-Apr-2025
  • Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица.
  • ◉ Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица
12:45 h 13-Apr-2025
  • За четворица од новите 19 осмоничени Обвинителстовто бара притвор, за седуммина куќен притвор и забрана за комуникација, а за уште седуммина за бараат мерки за претпазливост, еден од осмничените во моментот не е во земјава.
  • Актуелниот министер за економија не е осомничен зошто во негово време немало барање за лиценца од „Пулс“
12:43 h
  • Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите.
  • (ВИДЕО) Обвинителството бара четири притвори и три домашни притвори: Нови детали од истрагата за Кочани
12:34 h
  • Тринаесет обвинители работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани.
  • Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани
12:28 h
  • Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес конференција информираше за деталите во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
  • Коцевски за осомничените од ДЗС: Ги запоставиле своите надлежности, воопшто не извршиле инспекциска контрола
Novamakedonija

Во однос на одговорноста на локалните власти, врз основа на досегашните истражни дејствија, покрај тројцата градоначалници на Кочани кои се веќе осомничени, Обвинителството дошло до основано сомнение за можна одговорност и на тројца овластени општински градежни инспектори, кои постапиле спротивно на своите надлежности и овластувања од Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, потенцира дека воопшто не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот кој со години бил незаконски пренаменет од објект за лесна индустрија во угостителски објект без никакви безбедносни стандарди.

Во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, освен претходно осомничениот директор, истрага е поведена за уште три лица на истата функција, вклучително и актуелниот директор, како и против генералниот инспектор во Дирекцијата кој бил на таа позиција во текот на целиот период на функционирање на клубот. Novamakedonija

Civilmedia

Покрај оние за кои постојат сомненија за директна одговорност како сопственици, управители, организатори на забавата, обезбедување во клубот на критичната ноќ и корисници на пиротехничките средства, се истражува одговорноста и на сите институции и службени лица кои со своите незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабарето „Пулс“ во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот.

Законските норми и надлежности за заштита на безбедноста се јасни и тие се донесени и мора да се почитуваат токму за да се избегне ваква катастрофа, рече вчера на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Civilmedia

Sitel

Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.

По завчерашната акција за приведување на новосомничените и проширувањето на истрагата, Основниот суд Кочани вчера го прифати барањето на Обвинитеството и определи 30-дневен притвор за четири лица, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица мерка за претпазливост согласно членот 146. Sitel

Novamakedonija

Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и сите институции кои сме вклучени во оваа постапка чувствуваме огромна одговорност кон жртвите на овој трагичен настан, но и кон граѓаните воопшто за во целост да го испитаме.

Временската рамка за анализа на пропуштањето која обвинителството ја применува тука се заснова на принципот на: непосредно пропуштање – кое се анализира во краткорочен период (на пр. ненавремено реагирање на пожар или неуспех да се поправи дефект што веднаш довел до штета), но и долготрајно пропуштање – кое вклучува системски недостатоци, како што се повеќекратни пропусти во безбедносните процедури, што може да доведат до катастрофални последици години подоцна, појасни државниот обвинител во однос на дилемите во јавноста за обемот, одговорностаи аспектите што се предмет на истрагата. Novamakedonija