Press24
Според утринскиот извештај на УХМР, во 8.30 часот се измерени 8 степени во Берово, Крушево и Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, 10 степени во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, Виница, Струмица и Кавадарци, 11 во Скопје, Велес и Штип.
Во изминатите 24 часа, најмногу наврнат воден талог има во Прилеп и Берово (5 литри на квадратен метар), 3 во Крива Паланка, Куманово, Охрид и Крушево, 2 во Претор, Штип, Виница, Велес, Кавадарци, Маврови Анови, Тополчани и Пожар-Радовиш, 1 литар на квадратен метар во Скопје, Битола, Демир Капија, Струмица, Тетово, Пожаране и на Попова Шапка. Press24