Право на поддршка имаат: Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови). Згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари). Барањето се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2), достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, придружено со следната документација: Изјава заверена на нотар за точност на доставените документи; Копија од Решение за посебен додаток или надоместок за згрижување; Копија од последна сметка за потрошена електрична енергија; Копија од лична карта на подносителот; Доказ за членовите на домаќинството. Mk