Од СДСМ се јавија со реакција на објавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, велат од СДСМ.
Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса, реагираат денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), а во врска со трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.
СДСМ утрово соопшти дека очекувале оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку од морални причини, по трагедијата во Кочани.