Со 9 гласа „за“ и 1 „воздржан“, Советот на Општина Кочани попладнево го избра независниот советник Венко Крстевски за в.д. градоначалник на општината, по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов кој е еден од осомничените за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени, пишува новинската агенција . Во трка за в.д. градоначалник, покрај Крстевски кој се самокандидираше, беше и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков. Radiomof