Netpress
Он излегол од храмот и отишол во Маслиновата (Елеонската) Гора, каде што продолжил да им говори на учениците Негови, за сите есхатолошки знаци и настани, за сè што ќе се случи тогаш и за неволјите на крајот од светот (Матеј 24,3-14; Марко 13,3-13; Лука 21,7-19). Им кажува за појавата на лажни христоси и спасители, разни антихристијански сили, војни и убиства, земјотреси и глад, гонење на христијаните, проповед на Евангелието кај сите народи во светот, непријателства меѓу луѓето, дури и меѓу своите најблиски, роднини и пријатели, појавата на Антихрист и дејствувањето на неговите приврзаници и најпосле: Христовото второ доаѓање и крајот на светот.
Во Неговите беседи со апостолите За големото страдање во последните времиња им кажал дека Бог ќе ги скрати маките на луѓето, заради праведниците (Матеј 24,15-22; Марко 13, 14-23; Лука 21,20-24). Говорел За Второто доаѓање на Синот Човечки, кога ќе се појават знаци и на небото и ќе се вознемират небеските сили, па сонцето ќе потемне, месечината нема да свети, а ѕвезди ќе паѓаат и на небото ќе се појави знакот на Христос – крстот, тогаш ќе дојде по вторпат, но како Судија на светот (Матеј 24,29-31; Марко 13,24-27; Лука 21,25-28).ж Ја исползувал и природата со своите знаци и најави, па рекол дека може да се Поучат од смоквата, според која знаеле дека е близу летото (Матеј 24,32-35; Марко 13,28-31; Лука 21,29-33). И покрај сите кажувања, сепак, рекол дека точно Не се знае денот и часот на Христовото второ доаѓање и повикал на постојана будност и подготвеност – и тоа двојна: бидејќи сигурно се знае дека ќе дојде и сугурно не се знае кога (Матеј 24,36-42; Марко 13,32-37; Лука 21,34-36). За таа цел ја кажал и Параболата за благоразумниот и лошиот слуга, од кои, едниот се надевал и будно го чекал доаѓањето на господарот, а другиот не (Матеј 24,45-51; Лука 12,41-48). Во продолжение ја изговорил и Параболата за десетте девојки (Матеј 25,1-13), со која, уште посилно и посликовито го објаснил очекувањето. Netpress