Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Novamakedonija
Целта на јавното обвинителството во истрагата за дискотеката „Пулс“ во Кочани е да ги докаже кумулативните ефекти на долгогодишното пропуштање, односно дали тој верижен систем на пропуштања или тие несторувања влијаат на критичниот ден, најави државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Ваква трагедија досега ниту во Македонија, ниту во соседните земји,за други не знам, не е случена. Telma