Лидерите од коалицијата „Влен“ денеска во 14 часот ќе одржат седница во Скопје по вчерашната одлука на Алијанса на Албанците да одат на сопствени листи за советници на претстојните локални избори, а да не излегуваат од коалицијата.
Првиот вицепремиер, еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува АА на Арбен Таравари вечерва да ја реши дилемата и да ја информира коалицијата ВРЕДИ кој пат ќе го избере.
Централното претседателство на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одлучи да одат со свои листи за советници на претстојните локални избори.
Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити.