Kanal5
Бил како слуга меѓу нив (Лука 22,27). И завршил со зборовите: „Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате“ (Јован 13,17). Поуките за љубовта меѓу апостолите претставувале уште една опомена на Јуда да се откаже од предавството, но тие не допирале до срцето негово, кое било обземено со злобност и среброљубивост.
Посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата Господ Исус Христос го знаел предавникот и на Вечерата го навестил: „И кога седеа и јадеа, Исус им рече: ,Вистина, ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.‘ Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да велат: ,Да не сум јас?‘ А Он им одговори и рече: ,Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чинијата‘ “ (Матеј 26,20-25; Марко 14,17-21; Лука 22,14-23; Јован 13,21-26). Во Евангелието според Јован најопширно се опишани поединостите во врска со тоа, како Господ Исус Христос пред апостолите укажувал дека Јуда ќе биде Неговиот предавник. Kanal5