ЈП „Македонијапат“ информира дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од денеска е отворен за сообраќај, односно дека повеќе не важи забраната која редовно се воведува во зимските месеци.
Патот е отворен за сообраќај за патнички возила и возила со носивост до 3,5 тони, велат оттаму.