Притоа, не го завртел и другиот образ, а ја побарал вистината и се противставил со прашањето: „Ако реков лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме биеш?“ (Јован 18,23). На суд пред Синедрионот кај Кајафа (Матеј 26,57-68; Марко 14,53-65; Лука 22,54 и 63-71; Јован 18,12-15 и 19.27) Синедрионот бил Собранието – Парламентот на Евреите, а истовремено претставувал конечен, Врховен суд, Големиот суд кој решавал за најтешки обвиненија, како што се: идолопоклонство, престап против израилскиот народ, лажно пророштво, навреда на првосвештениците и др. Собранието го сочинувале седумдесет и еден член и тоа: првосвештеници, старешини и книжници, односно, видни луѓе.