Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 15,6 отсто, додека во однос на месец март 2024, се регистрира намалување за 62,5 проценти, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Во текот на март 2025 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 608 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 33,1 на 100.000 жители.