Стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство е потврдено со економската и политичка соработка, истакна вицепремиерот Николоски на средбата со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Владата на Обединетото Кралство.
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство.
Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство.