Во фокус на одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја – 22 април, годинава е утројувањето на глобалното производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030 година, а Центарот за истражување и информирање за животната средина – „Еко-свест“ ќе одржи вебинар за просумери, односно за информирање за сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори. Nezavisen
Оваа година, Денот на планетата Земја се одбележува под мотото „Наша енергија, нашата планета“, со што се истакнува клучната улога на луѓето во преминот кон чиста и одржлива енергија.
По повод 55-годишнината од глобалното движење, фокусот е ставен на итната потреба да се утрои глобалното производство на обновлива енергија до 2030 година, како еден од најмоќните одговори на климатската криза. Kanal5