Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан.
Во однос на проекциите на СБ од есента минатата година има зголемување од 0,1 процентен поен кај македонскиот БДП за годинава, а намалување за 0,3 проценти поени кај проекцијата за следната година. Netpress
Освен тоа, преквалификацијата на работниците за зелени работни места би помогнала да се одговори на еволуирањето на побарувачката за вештини, промовирање на продуктивноста и растот, укажува Светска банка во Редовниот економски извештај за Западен Балкан.
Претходно, Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај наведе дека растот на македонската економија оваа и следната година ќе изнесува 3,2%, со стапка на инфлација од 3,4, односно 2,2%. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, по објавата на извештајот на ММФ, оцени дека проекцијата на Владата за раст на економијата на земјава од 3,7% е реална. Plusinfo
Растот се предвидува да забрза до 3,5 проценти во 2026 година.
Надолна коренција од 0,3 процентни поени за годинава има за албанската економија, за каде е проектиран раст од 3.2 проценти, кај БиХ и кај Црна Гора исто така надолна корекција за по 0,5 процентни поени, со што растот во тие држави ќе изнесува 2,7 проценти, односно три проценти. Netpress