Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме.
Јавниот долг од 62,4 отсто од БДП на крајот на 2024 година се спушти на 57,7 проценти што е резултат на мерките што ги преземаме за фискална консолидација, мерките за намалување на непродуктивните трошења, како и напорите за подигнување на економската активност - вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Faktor
Клучна цел на Министерството за финансии и Владата е подобрување на управувањето со јавните финансии, како и одржување на високо ниво на капитални расходи кои ќе ги поддржат долгорочните економски приоритети.
Имено, Министерството за финансии го објави и нивото на државниот долг во првиот квартал од 2025 година кој изнесува 50,1% од БДП и бележи намалување од 3,7 п.п. во однос на нивото на државниот долг објавен на 31 декември 2024 година. Fokus
Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Nezavisen
Дополнително во овој квартал е извршена вкупна исплата на обврски по основ на главнина за надворешен јавен долг во износ од 679,4 милиони евра, вклучително и еврообврзницата.
Министерството за финансии согласно утврдената динамика, нивото на јавен долг го објавува на квартално ниво, додека нивото на државен долг се објавува на месечно ниво. Kanal5