Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Netpress
Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.
Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот е-Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок. Press24