Гешовски беше роден во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град.
По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. Sitel
На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми.
Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Fokus
На 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг, учествуваше речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин.
Палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски. Fokus
Денеска се навршуваат триесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославијa, како припадник на ЈНА, потсетуваат утринава од Музеј галеријата во Кавадарци.
Гешовски загина на шести мај 1991 година. Press24