Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во рамки на 10-от Годишен форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) денеска во Грција учествуваше на Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет и на Панелот на министри за ЕУ фондови.
На Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет, министерот Муртезани, како што информира Министерството за европски прашања, ја истакна важноста од засилување на регионалната соработка во услови на се посложени глобални и геополитички предизвици. Netpress
Реформската агенда 2024–2027 година претставува национално управувана трансформациска платформа што ја вградува европската агенда во институционалните политики, при што се заснова на пет стратешки столба: владеење на правото, зелена транзиција, дигитална трансформација, човечки капитал и добро управување, истакнал министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во неговото денешно обраќање на он-лајн промотивен настан за проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, во организација на Институтот за европска политика, а кој претставува платформа за регионална размена на искуства и добри практики во следењето и оценувањето на реформите, со учество на претставници од институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери. Novamakedonija
Со донесувањето на новиот Закон за буџети, додал, се воспостави потранспарентна рамка за управување со јавните средства заснована на правила.
Системите за внатрешна финансиска контрола се прошируваат и се вградуваат во клучните институции. Novamakedonija