Анализата на снабденоста со современа медицинска опрема по градови покажува дека во изминатите три години е постигнат напредок во обезбедувањето на регионална распределеност на новата опрема во јавното здравство, како и во зголемувањето на вкупниот број здравствени услуги – стои меѓу другото во извештајот.
Во делот за снабденост со современа медицинска опрема во јавното здравство, се подвлекува дека дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи во доволна мера, главно поради недостиг на човечки ресурси и/или необезбедени просторни и други услови. Novamakedonija
Поради тоа, за одредени услуги и натаму не е обезбедена соодветна регионална достапност и задоволување на потребите на населението за здравствена заштита.
Во досегашниот период поставените стратешки цели се реализирани делумно, а набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ) , било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите. Faktor
На ниво на држава 9 ЈЗУ располагаат со 18 ангиографи ставени во употреба со вкупна набавна вредност од 12,9 милиони евра, од кои 10 се набавени во периодот од 2021 до 2023 година.
Иако бројот на извршени услуги со ангиограф се зголемил за 68% во 2023 година во споредба со 2021 година, утврден е незадоволителен степен на искористеност на дел од овие уреди, најчесто поради недостаток на стручен кадар и необезбедени просторни услови, како и поради отсуство на клинички патеки за вршење на овој вид услуги, велат од ДЗР. Fokus
Современа медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, не се користи доволно во јавното здравство поради необезбедени кадровски и просторни услови, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ), било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите.
Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација. Netpress
Во делот за снабденост со современа медицинска опрема во јавното здравство, се подвлекува дека дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи во доволна мера, главно поради недостиг на човечки ресурси и/или необезбедени просторни и други услови.
Поради тоа, како што покажала ревизијата, за одредени услуги и натаму не е обезбедена соодветна регионална достапност и задоволување на потребите на населението за здравствена заштита. A1on
Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности, велат од ДЗР.
На ниво на држава во јавното здравство обезбедени се вкупно 9 линеарни акцелератори за 4 ЈЗУ со вкупна набавна вредност од 21,8 милиони евра за вршење радиотераписки услуги за пациенти со малигни заболувања. Fokus
Услугите од интервентна радиологија се вршат во само две ЈЗУ од кои 81% се извршени како итни и прегледи без термин и како сервисни и интерни услуги.
Процесот на закажување и евидентирање на услуги со ангиограф не е унифициран, а ЈЗУ не постапиле во целост по задолжението на Министерството за здравство за подобрување на системот за упатување и закажување преку Мој Термин – се наведува во извештајот. Novamakedonija
Во поглед на објавувањето слободни термини за КТ услуги, само 3 од 22 ЈЗУ објавуваат број на термини кој е блиску до пропишаното, додека во 10 ЈЗУ термини се објавуваат значајно под пропишаните норми.
Во извештајот се наведува дека Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра. A1on
Во текот на 2023 година, констатирале ревизорите, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра.
Овие мамографи, се додава, се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка. A1on
Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети.
Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема со вредност од 13 милиони евра и понатаму не е ставена во употреба. Fokus
Снимањата се вршат со само еден ПЕТ/КТ скенер, со што не се користат целосно капацитетите на Циклотронот, кој може да произведе изотопи за поголем број снимања.
Во текот на 2023 година, констатирале ревизорите, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. A1on
Овие мамографи се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка.
Утврдено е дека ваквата состојба се должи на потребата од набавка на дополнителна опрема, неутврдени референтни цени од Фондот за здравство и немањето на соодветно обучен персонал за овој вид услуги. Netpress
Во јавното здравство има 30 компјутерски томографи (КТ) уреди во 22 ЈЗУ, а во рамки на ревизијата се опфатени 11 ЈЗУ кои располагаат со 19 КТ уреди со вкупна набавна вредност од 14,5 милиони евра.
Со извршената анализа на добиените податоци од ЈЗУ, регистарот на медицинска опрема и „Мој термин“, утврдено е дека побарувачката за КТ услуги е во постојан пораст. Netpress
Ваквата состојба се должи на нецелосно евидентирање на услугите од страна на ЈЗУ во Мој Термин како единствен национален систем за евиденции во здравството.
Во услови на невоспоставени листи на чекање за подолг период, отсуствуваат податоци за реалната побарувачка на услуги, а поради неусогласени евиденции за извршените услуги во ЈЗУ, Мој Термин и системот на Фондот, не може да се утврди ниту точниот број на извршени здравствени услуги – стои во извештајот од ДЗР. Novamakedonija
Утврдено е дека ваквата состојба се должи на потребата од набавка на дополнителна опрема, неутврдени референтни цени од Фондот за здравство и немањето на соодветно обучен персонал за овој вид услуги.
Ревизорите заклучуваат дека континуираното зголемување на побарувачката за здравствени услуги и новата медицинска опрема во ЈЗУ не е проследено со соодветно зголемување на бројот на здравствени работници, што резултира со преоптовареност на постојниот кадар и недоволна искористеност на опремата. Netpress
Во насока на унапредување на рехабилитациските здравствени услуги, во 2023 година набавен е апарат за роботска рехабилитација – локомат, во вредност од нешто помалку од еден милион евра, кој е инсталиран во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација.
Станува збор за високо технолошки уред наменет за рехабилитација на долни екстремитети кај пациенти со невролошки и ортопедски нарушувања, кој се користи од 2024 година. Faktor
Дел од КТ уредите и ангиографите, набавени пред повеќе од 10 години, често се расипуваат и не се во функција со месеци, па и со години, утврдиле ревизорите.
Ревизијата меѓу другото констатирала потреба од подобрување на регулативата за доуредување на одредени прашања поврзани со користењето на медицинската опрема, како и зајакнување на капацитетите во институциите задолжени за следење и евидентирање на состојбата со опремата и за контрола и надзор. A1on
Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот ‘Мој термин’, ревизијата утврди дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврск“, стои во извештајот.
Исто така, Држвниот завод за ревизија потенцира дека поради монополската позиција на овластените застапници за одржување и сервисирање за период од три години за дел од опремата трошоците се еквивалентни на вредноста на нова опрема од ист вид, како што е тоа случај со акцелераторите. Netpress
Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација.
Поради ограничени буџетски средства, не е набавена дополнителната опрема потребна за користење на сите нејзини функционалности. Netpress
Современа медицинска опрема вредна 13 милиони евра, не се користи во јавното здравство поради необезбедени кадровски и просторни услови, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ), било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите. Netpress
Дел од оваа опрема зафаќа специјално опремени простории кои би можеле да се искористат за нова функционална опрема.
Непочитувањето на законските обврски за отстранување и управување со отпад ја загрозува животната средина и укажува на слабости во системот за управување со опрема ставена надвор од употреба. Faktor