Платата на полицијата, согласно законот и колективниот договор е составена од основна плата и зголемување за 30 проценти, како и останати додатоци за минат труд и тн. Согласно Законот за минимална плата, основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата, а потоа се додаваат оние зголемување од 30 проценти, додатоци и тн. Досега апелационите судови во Битола и Гостивар ни потврдуваат дека ова што го зборуваме е така, веќе имаме потврдено пресуди во којшто се пресметува разликата на минималната плата, меѓутоа од Апелациониот суд во Скопје, веројатно пресметале дека им се многу средства во државата, па се трудат сега да се умилкуваат, дел од судиите сега сакаат и на тој начин да напредуваат од Основниот граѓански суд во апелациони, па од оттаму во врховни судови, и пробуваат да направат сосема друга пракса со која што ќе кажат дека основната плата, во смисла на минималната плата во Законот треба да се гледа заедно со тоа зголемвуање, рече Ефремов. Sitel