Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив.
„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Каде да фатиме врски да ги вратиме другарите“.
Семејствата на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата за средба со премиерот Христијан Мицкоски, која беше закажана за 13 мај во Скопје.