„Ние имавме раст од 2,8 % што не е доволно немојте да зборуваме дека тоа е доволно, доволное затоа што во третиот и четвртиот квартал бележевме стапка на раст од над 3 % , а за првиот квартал од оваа година имајќи ги првичните индикатори , индустриското производство, туризмот и др не би се изнеданил да имаме раст од 3,5 – 4 % што ќе претставува раст на БДП еден од водечките во Европа.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Самитот го отвори претседавачот на Бордот на директори, Виктор Мизо кој најави ребрендирање на Македонија 2025, нагласувајќи дека и организацијата и Македонија треба да се фокусираат за земјата да стане модерна и европска. Kanal5