Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
10.49
15.96
1.16/0.40
7.00
2.54
0.36
609.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
17 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 327.6
Best clustering variants
17 0.99/0.01 2 327.6
Kanal5

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова: Почитувани членови на „Македонија 2025“, Почитувани припадници на македонската дијаспора, Почитувани гости, Дами и господа, Оваа церемонија е во пресрет на почетокот на традиционалниот самит „Македонија 2025“ на којшто ќе дебатираат премиерот, министри, еминентни бизнисмени, експерти, претставници на државни органи и на институциите, членови на академската заедница, со цел да споделат знаења, видувања, искуства и вештини, како и да промовираат идеи и визии.

А, визијата на „Македонија 2025“ е и наша визија: да бидеме компетитивен регионален економски играч со просперитетна економија, што се развива во амбиент на енергетска сигурност, да бидеме држава со добар образовен и научен систем, поврзан со вештачката интелигенција и дигитализацијата, да бидеме еколошка држава, правна држава, потпрена како што јас понекогаш потсетувам, на Веберовиот модел на стручна и компетентна државна и јавна администрација, со почитувана епистемолошка заедница којашто, за жал, денеска заминува надвор, да имаме развиено граѓанско општество и демократска јавност. Kanal5