Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашнава седница, на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата, го овласти лидерот на партијата и претседател на Владата Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.
Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата.
Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ.
Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.