Движењето „Кој е следен?“ најави дека утре ќе го поддржи „Маршот на Ангелите“ во Кочани, кој секоја сабота го оддржуваат родтиелите, семејствата и пријателите на настраданите во пожарот во „Пулс.“ Одиме за Кочани да го поддржиме „Маршот на Ангелите“.
Со протестни маршеви под слоганот „Задоцнета реакција“, кои се одржуваат секоја сабота со симболичен почеток во 12:05 часот, семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани бараат промени во системот во Македонија и фер судења против одговорните за смртта на 62 млади луѓе, пишува италијанскиот портал Osservatorio Balcani e Caucaso Transeuropa во опширниот текст за трагедијата.