Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција. Fokus
Сиљановска-Давкова потсетила и на редовното искуство при секоја измена на Уставот, на предложените амандмани да им се придружат нови, чие усвојување е услов за поддршка на првите.
Потенцирајќи дека интегрирањето на Западен Балкан е јасен приоритет за ЕУ, претседателот на Европскиот совет Кошта искажал разбирање за националните чувства и состојбата во која се наоѓа државата и изразил став дека не очекува дополнителни политички условувања на македонскиот пат кон ЕУ. Ценејќи ги вложените напори во изминатите две децении, Кошта смета дека треба да го искористиме моментов на зголемен интерес на ЕУ за проширување, во функција на обезбедувањето поголема безбедност и сигурност, покрај европеизацијата на регионот. Press24