Министерот ќе се сретне и со претставници на македонската дијаспора, а ќе ја посети и црквата „Св. Петка” во Диселдорф, како дел од посветеноста кон нашата заедница во Германија.
Целта на посетата е интензивирање на севкупните односи со покраината Северна Рајна – Вестфалија, продолжување на билатералната соработка во рамки на Заедничката декларација за намери потпишана во 2021 година, како и реафирмирање на поддршката од оваа германска покраина за нашиот пат кон Европската Унија. 24info