Во раните утрински часови денеска, делови од земјава се соочија со краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија, откако дојде до дефект на преносната мрежа од 110 киловолти.
Од АД МЕПСО информираат дека прекинот бил резултат на високите напони во регионалната 400 kV мрежа, што предизвикало испад на енергетските трансформатори во неколку трансформаторски станици.„Станува збор за регионален и европски проблем со кој се соочуваат повеќето преносни систем оператори. Alsat