Во земјава се лекуваат седум пациенти, а во странство се уште 11. Вкупно 18 се со се уште незаздравени изгореници на кои им се потребни хируршки третмани.
Тројца од пациентите во земјава се хоспитализирани на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, двајца во „Систина“ и двајца во Општата болница – Кочани. Mms
Андовски претходно на брифинг со новинарите информира дека сите 11 пациенти кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба.
Од нив во Грција се тројца (во Атина двајца и еден во Солун), во Турција се двајца, во Србија се четворица, а во Австрија и Словенија се по еден пациент. Press24
Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и лекуваа, но поради екстензивноста на повредите, особено на овие пациенти со потешки повреди кои се враќаат меѓу последните и кои имаат многу длабоки изгоренци и рани, ќе треба подолг третман и рехабилитациски период, информира Ѓорѓиевска Павловска.
Директорот на ФЗО Сашо Клековски потсети дека во трагедијата имаше околу 200 повредени од кои 115 беа испретни на лекување во странство. Press24
Покрај евалуацијата што ќе ја преземе Министерството за здравство, ќе го поканиме тимот од Израел кој беше тука на почетокот на трагедијата, да даде мислење за натамошна грижа на пациентите.
Пртоколот предвидува сите повредени кои се во странство, да се вратат во болницата од која се испратени на лекување, нагласи Клековски. Press24