Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 од 15.05.2025 година на Управниот суд на Република Северна Македонија.
▷ Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Novamakedonija
Уставниот суд донесе одлука за одложување на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни. Alsat
Во врска со правните импликации по Пресудата на Управниот суд, укажуваме дека согласно со член 112 став 2 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, Уставниот суд нема по службена должност да ги преиспитува одлуките во чие носење учествувал судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со Пресудата на Управниот суд.
Ова значи дека ниту во јуни нема да има подготвителна седница на Уставниот суд за Законот за јазиците – откако првично таа беше презакажана поради трагедијата во Кочани, сега е одложена на неодредено, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е судија-известител за овој предмет. Racin
Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 од 15.05.2025 година на Управниот суд на Република Северна Македонија.
Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд“,се наведува во соопштението на Уставниот суд. Libertas