Николоски: Прв бран на проекти ќе се реализираат во транспортот и здравството.
Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада и образложи кога Македонија може да ги очекува првичните бенефити од ваквото партнерство.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада.