Meta
На свеченоста беа наградени Харитина Сакова од Машинскиот факултет, Стефан Кофиловски и Ана Марија Наумовска од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Душица Брачиќ од Природно-математичкиот факултет, Јана Видановска и Рената Павлеска од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Димитар Пешевски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Марко Величковски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Никола Ристевски од Филозофскиот факултет и Давид Стојаноски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Исто така, наградата ја добија и Ања Даниловска и Софија Станческа од Економскиот факултет, Анастасија Петличковска од Медицинскиот факултет, Мими Дучева од Факултетот за музичка уметност, Ведран Чешарек од Факултетот за драмски уметности, Фросина Димоска од Фармацевтскиот факултет, Ивана Крстаноска од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Никола Тренов од Факултетот за ликовни уметности, Беса Исмаили од Градежниот факултет, Стефан Лакордов од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Васка Зарковска од Технолошко-металуршкиот факултет, Сара Ацковска од Факултетот за земјоделски науки и храна, Кристијан Ристовски од Архитектонскиот факултет, Анастазија Јеринчева од Стоматолошкиот факултет, Ненад Димковски од Факултетот за ветеринарна медицина, Мила Чолакоска од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и Надица Кремшовска од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“. Meta