Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Racin
Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.
Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск. Kanal5