Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите – црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на Светите браќа Кирил и Методиј, на оние кои не учеа на единство во верата, на оние благодарејќи на чие дело се удостоивме да го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги.
Фото: МПЦ - Охридска Архиепископија Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите – црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на Светите браќа Кирил и Методиј, на оние кои не учеа на единство во верата, на оние благодарејќи на чие дело се удостоивме да го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги, истакна поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, во обраќањето пред присутните на Свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители.