Ова го соопштија од амбасадата на Обединетото Кралство по потпишувањето на договор Влада со Влада во Лондон, а инфорамцијата за потпишувањето ја објави и британската влада на својот веб сајт.
МИАСо потпишувањето на партнерството Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија, што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст, соопшти Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.– Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и технологија.