„Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.
Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата и соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од нив 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.
Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, одговарајќи на прашање за тоа како Владата планира да се справи со инертната и градежната прашина истакна дека за решавање на овој проблем единствен начин е да се зголеми дисциплината на оние коишто ја создаваат, а од друга страна граѓаните да пријавуваат доколку забележат вакво девијантно однесување со цел Градежниот инспекторат да излезе на лице место и да го констатира истото.