Добивај вести на Viber Управувањето со отпад не е само важно од аспект на подобрување на животната средина во земјата, туку истовремено е основа за креирање на одржлив развој базиран на принципите на кружната економија.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска ќе учествува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA). Како што е најавено од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (МАСВА) на меѓународната конференција ќе се обратат и Михаил Матески, претседател на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад, Џејмс Лоу, претседател на Меѓународната организација за управување со отпад, Стефан Худолин, шеф за соработка во делегацијата на Европската унија во Скопје, како и Узлем Џанел, амбасадорка на кралството Холандија.