Кој било предлог од Владата, кој би ја подобрил нашата преговарачка позиција со ЕУ, ние ќе го поддржиме, но неопходно е ставовите да ги усогласиме преку дијалог на најголемите политички партии, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека скандалот на Онкологија се случил во времето кога министер за здравство бил Венко Филипче, повикувајќи го Јавното обвинителство да постапува и да не ја истражи неговата улога во скандалот со Онкологија.
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да ја испита улогата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за случајот Онкологија, и да не го иззема од случаите настанати во негов министерски мандат.