Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека сите документи поврзани со тендерот за униформи за МВР се јавно достапни.
Одговарајќи на прашање за обвинувањата од СДСМ, кои тврдат дека тендерот е скандалозен и дека документите ги доставиле до Антикорупциската комисија, Тошковски потенцираше дека ќе бидат транпарентни во целот на постапката. Nezavisen
Работата на министерот за внатрешни работи во рамки на неговата позиционираност како делот во владата македонска е јасна.
Јас го преземам она кое што треба да го преземам, да се грижам за спроведување и имплементирање на сите оние проекти кои што се од интерес за македонските граѓани, така и ќе продолжам и во иднина. Puls24
На прашањето за поднесените две обвиненија за кланот Беланоца-Барони и групата на Раде Штекли, министерот Тошковски рече дека овие предмети се само едни од оние предмети кои даваат историски резултати во Македонија.
Многу пати имам кажано, не само јас и Јавното обвинителство и експерти од областа, дека од ваков тип на организирани и координирани акции помеѓу ЈО и МВР, каде што во текот на една акција се разоткриени повеќе од осум убиства, нешто што беше незамисливо до 2024 година во Македонија, а не верувам дека ќе има во иднина. Nezavisen