Обраќања ќе имаат и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме, премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани; премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Матијас Корман и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки-мун.
Форумот што ќе се одржи на 29 и 30 мај на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова. Press24