Во сабота, на 31 мај, со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод.ЈП Водовод и Канализација – Скопје денеска соопшти дека работните актовности се очекува да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.– Во сабота (31 мај) со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, преку својот правен застапник, испрати демант како што наведуваат – објавени невистинити информации во текстот со наслов „Пречистителната станица за Скопје требаше да проработи годинава – уште не е готова, а не се знае ни дали се гради“, објавен на 26 мај 2025 година.