Во сабота, на 31 мај, со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод. Sitel
Планирано е работите да траат помалку од 15 часа, при што најмногу време ќе се одвои за празнење и полнење на магистралниот цевковод“, стои во соопштението.
Поради оваа интервенција, ќе има делумен прекин на водоснабдувањето во следните скопски населби: Визбегово, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда (висока зона), Железара и Бутел 1. Со реализација на проектот, ќе се овозможи поврзување на двата магистрални цевководи и ќе се формира циркуларен прстен, со што се очекува значително унапредување на хидрауличките услови во градската водоводна мрежа. Plusinfo