Тој денеска изјави дека продуктивноста на работниците, на која често се жалат работодавачите, треба да се таргетира само преку една работа – зголемување на платите, пренесе ТВ „24“.Според Трендафилов, работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, следствено на тоа и продуктивноста е резултат на ниските примања, а немањето слух за повисоки плати задира директно во севкупната економија која треба да е резултат на продуктивноста на работникот.„Формулата за минимална плата можеби била добра кога се носел законот, но во иднина треба многу повеќе да се земат предвид економските параметри“, вели заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Puls24