Таа смета дека сите актуелни потпретседатели, па дури и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не ги исполнуваат условите од партискиот статут за да бидат дел од највисокото раководство.
Куновска објасни дека нејзиното напуштање на СДСМ било поради тоа што „започнале процеси во коишто веќе не постоела идеологија“ и „бил присутен клиентелизам“ во партијата, што според неа, подоцна резултирало и со клиентелизам во владата. Skopjeinfo
Софија Куновска во своето гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија зборуваше за причините поради кои што ја напуштила политичката партија СДСМ, а се осврна и на фактот дека сите актуелни потпретседатели на СДСМ, па дури и претседателот, Венко Филипче, не исполнуваат услови да бидат дел од највисокото раководство на СДСМ. Republika