Во своето обраќање, министерот Меџити ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и деградацијата на животната средина.
„Управувањето со отпад претставува комплексен предизвик, но и можност за развој на иновативни технологии и за зајакнување на зелена економија. Kurir
Министерството за животна средина е посветено на изградба на регионален системи за управување со отпад што ќе ги исполнува највисоките европски стандарди, вклучувајќи ја и изградбата на првата регионална стандардизирана депонија во земјата,“ рече Меџити.
Тој ја посочи и потребата од тесна меѓуопштинска и меѓусекторска соработка и почитување на стандардите на ЕУ, кои се неопходни за транспарентно и ефикасно функционирање на системот за управување со отпад и за унапредување на процесот на европска интеграција. Zoom
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA. Skopjeinfo
Потенцијалите на циркуларната економија, управувањето со отпадот како ресурс, декарбонизацијата и примената на зелената енергија и дигиталните алатки, се од суштинско значење за креирање одржлива иднина, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на 6. Меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“. Republika