Азир Алиу од Алијансата за Албанците, кој е дел од групата што не ја напушти Владата, во интервју за Алсат зборуваше за околностите што го натерале Арбен Таравари да излезе од Владата.
Во врска со средбата на Таравари со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, што во јавноста беше коментирана како случајна, сепак според Азир Алиу, во политиката нема случајности, туку претходна подготовка за приближување кон ДУИ.„Слушајте, во политиката нема случајности.